Од самите почетоци „Орка холдинг“ има воспоставено мисија да биде достоен пример во заедницата, како компанија која работи во согласност со начелата на лојалност, посветеност и професионализам. Компанија која ќе дава личен придонес во унапредувањето на општествените вредности.
Со страст ги создаваме компаниите кии го унапредуваат општеството во кое живееме и работиме.
Основањето, одржувањето и издигнувањето на една компанија бара јасна визија од менаџерскиот тим. Благодарение на визионерскиот дух на нејзиниот основач, Илија Камчев, денес „Орка холдинг“ е високореномирана компанија која успеа да создава брендови во бројни сегменти на општеството. Визијата на компанијата е да создаде бизнис-клима каде вработените постојано ќе се надградуваат, а односите со деловните партнери и клиенти континуирано ќе се негуваат и почитуваат.
Нашата визија е да создадеме компанија која во очите на клиентите, партнерите и вработените ќе биде јака глобална компанија која е препознатлива по своите вредности: