Темелите на успешната приказна на „Орка холдинг“ се поставени пред 3 децении, во 1990 година, кога своето работење компанијата го започнува со само шеесетина вработени и отворање мал производствен погон. Согледувајќи ги можностите што ги нуди тогашната инвестициска клима во земјата и искористувајќи го сиот нејзин потенцијал, компанијата почнува да ги бележи своите први најзначајни чекори.
Низ годините во оваа групација и нејзиното работење е вложен сиот личен и професионален потенцијал на нејзиниот основач и неговиот тим на вработени. Непоколебливата посветеност во работењето, истрајноста и знаењето претставуваа неопходни елементи при остварување на стремежот за експанзија на компанијата.
Денес, 30 години подоцна, групацијата „Орка холдинг“е еден од најголемите работодавачи во земјава. Активна во различни сектори, со диверзифицирано портфолио на инвестиции, со над 15 компании и повеќе од 2.500 вработени групацијата им служи на своите клиенти и партнери со напредни технологии, највисок квалитетот на брендот и динамични човечки ресурси.
Темелејќи го своето работење на принципите на ликвидност, сигурност, рентабилност, начелата за лојална конкуренција на пазарот, добрите деловни односи и најзначајните етички принципи, компанијата природно создава своја бизнис-клима во која води грижа за своите вработени, клиенти и партнери. Дејствувајќи во повеќе сегменти од општеството, компанијата станува движечка сила пред сè во подигнувањето на квалитетот на работните стандарди, работните услови и пристапот кон вработените, деловните партнери и клиентите.
На овој начин и преку постојани инвестиции, усовршување на работните процеси и заедничко, организирано дејствување „Орка холдинг“ достигнува значителен бизнис-раст и со своето работење создава вредности кои се значајни пред сè за самата компанија и вработените во неа, бизнис-партнерите, но се и од особено значење за заедницата во којашто дејствува, како и за целата економија во државата.