Животна средина

Кога е во прашање заштитата на животната средина, ние во „Орка холдинг“ имаме дефиниарно високи стандарди.

Ние создаваме баланс на нашите цели. Правиме секојдневни напори секоја од нашите деловни единици да бележи резултати, но истовремено и да имплементира мерки со кои ќе се сведат на минимум евентуалните негативни ефекти врз животната средина.

Со цел да се намали негативното влијание врз животната средина, се стремиме да ги користиме природните ресурси одговорно, да го намалиме количеството отпад во процесот на работа, да ја зголемиме енергетската ефикасност и да го намалиме индивидуалниот карбонски отпечаток. Во нашите деловни простории се поставени канти за селектирање на различниот отпад, кој понатаму го предаваме на рециклирање согласно законските прописи и национални препораки.

Во таа насока, бележиме заштеда во користењето на вкупните ресурси од над 35% во споредба со минатата година.

Нашата цврста заложба е да ги имплементираме меѓународните препораки за еколошко однесување во нашите посебни деловни единици. Имплементираме стратегии за подигнување на свеста на вработените, клиентите и соработниците.

Преку своите активности, некои од нашите членки на групацијата даваат активен придонес и учество во обележување на Денот на планетата Земја, Часот на планетата Земја, реализираат активности и дефинираат едукативни механизми за зголемување на свеста за одговорноста кон животната средина и слично.

Во согласност со планот за капитални инвестиции за 2022 година, „Орка холдинг“ предвиде инвестициска активност за приспособување и воведување на природен гас во деловниот објект во Илинден.

Како компанија која силно се фокусира на оджливост и ги адаптира своите стратегии и активности почитувајќи ги принципите на одржливите развојни цели на Обединетите нации (UN SDGs), ние сме и активен партиципиент на UN Global Compact.