Фондација

Фондација „Илија Камчев“

Во 2011 година компанијата „Орка холдинг“ го објави почетокот на работа на фондацијата „Илија Камчев“, која го носи името на основачот на оваа високореномирана компанија. Хуманизмот, визијата и одговорноста на основачот на компанијата остануваат непресушна инспирација за сите нас, продолжувачите на неговата филантропија.

Фондацијата „Илија Камчев“ има за основна цел да помогне во неопходната едукација на млади и перспективни медицински кадри, доктори, преку стипендирање, односно доделување финансиски средства за нивна стручна специјализација, како и овозможување бесплатно усовршување во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и други реномирани медицински центри.

Фондацијата „Илија Камчев“, исто така, поддржува активности кон други сегменти во општеството кои се од интерес за пошироката јавност. Фондацијата поддржува и е активно вклучена во реализација на проекти и иницијативи кои придонесуваат кон развојот на издаваштвото, уметноста и културата, социјалната грижа, развојот на спортот, зачувувањето на животната средина и други активности од општествен интерес.

„Орка холдинг“ во својата фондација „Илија Камчев“ ја постави целта да креира и создава проекти кои ќе остават траен и квалитетен белег во општеството и со тоа ќе биде пример на однесување.

Во периодот од 2014-2018 година Фондацијата има остварено повеќе донации:

Воедно преку подружницата Арт Скопје, Фондацијата има за цел и задача да дејствува во областа на уметноста во Р Македонија преку поддршка на млади уметници, организирање уметнички изложби и други активности со цел афирмација на уметноста и нејзините творци.

АРТ Скопје

Центарот за современа уметност „Арт Скопје“ претставува дел од проектната активност на Фондацијата „Илија Камчев“.Фондацијата започнува со инвестирање во нов и уникатен проект за развој и поддршка на креативноста и слободниот уметнички дух. Центарот има за цел збогатување на содржината на културни настани и пред сè промоција и поддршка на младите талентирани уметници во државата.

„Арт Скопје“ е своевиден почеток на генералната цел, а тоа е создавање независен центар за развој на културата и современата уметност во Република Македонија. Фокус на програмска платформа се младите генерации македонски сликари, скулптори и мултимедијални уметници. Дел од активностите на Центарот ќе бидат наменети за иницирање на меѓународна соработка и размена на искуства со уметници, куратори и организации од целиот свет.