Наш приоритет е грижата за заедницата во која дејствуваме

Орка Холдинг е групација која низ годините има изградено и втемелено во своето работење посебна култура на вредности која ја почитува и применува. Во таа култура на вредности групацијата посветува посебно внимание на своите вработени, своите партнери и клиенти, но пред се со особено внимание ги применува сите општествено одговорни практики со кои придонесува за заедницата.

Сметајќи дека големината на една компанија не се вреднува само со бројките и успесите кои ги постигнува туку и во големината на делата кои ги прави, за Орха Холдинг хуманоста и грижата кон општеството и заедницата се цврсто втемелни вредности во корпоративната стратегија.

Под грижа за општеството и заедницата Орка Холдинг подразбира пред се етички одговорен, морално издржан, правно и законски оправдан пристап кон општеството. Транспарентното работење и обидите да се препознаат и да се одговори на потребите на заедницата во која дејствува давајќи ја поддршката на иницијативите кои имаат најшироко општествено значење се дел од синџирот на вредности на групацијата.

Сметајќи го придонесот во целокупниот развој на заедницата пред се како привилегија, Орка Холдинг ги почитува поединечните и колективните вредности. Тоа го докажува и со силната поддршка на многубројни проекти од областа на здравството, образованието, спортот и културата и големиот број на реализирани хуманитарни активности и дела.