Детска Игра претставува проект од 21 скулптура во мал формат, изработени од авторот Владо Костов.

Скулптурите се изработени од метал, односно метален отпад оставен секаде околу нас. Даден е нов живот и нова форма на она што буквално се нарекува ѓубре, меѓутоа голем дел од нив се оставени и во својот оригинален облик.

Идејата на самиот проект „Детска Игра” беше пред сѐ за повторно будење и потсетување на едно подзаборавено детство, на игри кои се одамна веќе зад нас и зад новите генерации.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *