ОРКА услуги

„ОК транспорт“

Компанијата „ОК транспорт“ нуди транспортни услуги за задоволување на потребите при вршење на својата дејност, односно задачи од својот делокруг за потребите на компаниите членки на „Орка холдинг“, како и за надворешни клиенти.

„ОК транспорт“ располага со значителен возен парк од сопствени возила за вршење превоз на патници или стоки и услуги во внатрешниот или меѓународниот патен сообраќај.

Посебна услуга што „ОК транспорт“ ја нуди на клиенти е можноста за користење на луксузни возила од типот на „мерцедес“, „ауди“ и др. со кои се овозможува безбедно, брзо и квалитетно превезување до потребните дестинации.

„ОК секјурити“

„ОК секјурити“ е специјализирана компанија за давање услуги од областа на физичко обезбедување, заштита, транспорт на пари, вредни предмети и други пратки, мобилно обезбедување, видеонадзор и следење. Основен принцип на работа е професионално извршување на работните задачи со почитување на пропишаните закони и обезбедување дискреција и чување на доверливи податоци на клиентите.

Компанијата е организирана и раководена од човечки ресурси со долгогодишно искуство во областа на обезбедување. Со својот професионален тим, „ОК секјурити“ е подготвена да одговори на специфичните барања на клиентите.

„ОК сервис“

„ОК сервис“ ДООЕЛ Скопје е фирма со дејност – управување со станбени згради и со лиценца за Управител со бр.08-13/3 за вршење на дејностите за управување со станбени згради издадена од Регулаторна комисија за домување на РСМакедонија.

Основна дејност е вршење на административни, правни и книговодствени услуги за управување со станбени згради, основно техничко одржување, чистење и одржување на хигиената во станбените згради со кои управува, надзор, проверка и контрола на опремата во станбените згради со кои управува, како и сите работи на барање на станарите, а во насока на што подобро и поефикасно користење на заедничките простории на станбените згради со кои управува.

Може да врши и работи на одржување и на поединечни деловни или станбени простории, управување со имот и слично.