ОРКА медикал

Клиничка болница „Аџибадем Систина“

„Аџибадем Систина“ е првата приватна клиничка болница во земјава која нуди висококвалитетни медицински услуги во согласност со светските стандарди за здравствена заштита на пациентите.

Како бренд во здравствениот сектор во Македонија, „Систина“ е присутна од 2001 година, на почетокот преку Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мала Богородица – Систина“.

Моментите на успех, деновите во кои брендот „Систина“ добиваше сѐ поголеми димензии, ги прошири капацитетите, со сериозна инвестиција во здравството и прерасна во клиничка болница која на 7 април 2010 година ги отвори вратите за своите пациенти.

На 10 ноември 2010 година Клиничката болница „Систина“ забележа уште еден успех. Со потпишувањето договор за афилијација со најголемата групација на болници во југоисточна Европа „Аџибадем“, Клиничката болница „Систина“ создаде можност за размена на знаења и искуства и едукација со медицинскиот тим на турскиот здравствен гигант.

За само една година оваа успешна соработка прерасна во заедничко партнерство. Клиничката болница „Систина“ стана дел од Здравствената групација „Аџибадем“, и прва болница на овој лидер во здравството, надвор од границите на Турција. Една година подоцна „Аџибадем Систина“ стана дел од вториот најголем синџир болници, малезиската групација IHH. Влегувањето во оваа групација за нас претставува подигнување на стандардите во лекувањето и имплементација на сите најсовремени технологии и протоколи во лекувањето и поставување на Македонија на светската здравствена мапа.

Денеска Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е најголемата и најмодерна приватна болница во регионот и е пример за успешна приказна во здравствениот сектор со медицински услуги според најсовремените протоколи во лекувањето на пациентите. Врвниот медицински тим користејќи современи методи и техники им стои на располагање на пациентите 24 часа во денот, 7 дена во неделата.

„Аџибадем Систина“ се простира на 24.000 квадратни метри затворен болнички простор распореден на 7 ката. Опремена со 11 најсовремени операциони сали и капацитет од 261 болнички кревет и 63 интензивни места (хирургија, кардиохирургија, кардиологија и неонтаологија).

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во 2016 година го доби златниот печат за квалитет и безбедност од JCI – најпрестижната организација за акредитација на болници во целиот свет. Во 2019 година болницата доби и реакредитација, уште еднаш потврдувајќи дека работи по светски стандарди. Златниот печат е доказ за квалитетот, кој e резултат на посветеноста на болницата во обезбедување безбедна и ефикасна услуга за своите пациенти. Акредитацијата од JCI претставува сигурност за секој пациент дека е безбеден и дека добива најдобра медицинска грижа.

Во „Аџибадем Систина“ работи реномиран тим од 150 врвни специјалисти, од кои 12 универзитетски професори, признати во регионот. Долгогодишното искуство на нашиот тим е потврда за врвна здравствена услуга на пациентите и нивните семејства. Подготвени се да ги решат и најсложените медицински состојби.

Благодарение на мултидисциплинарниот пристап, пациентите во „Аџибадем Систина“ добиваат високопрофесионална услуга, од дијагноза до третман и рехабилитација на сите болести.

„Аџибадем Систина“ е болница која ужива најголема доверба од пациентите. Тоа го докажуваат и бројките, кои секоја година растат. Во „Аџибадем Систина“ во изминатата деценија родени се 17.000 бебиња. Во нашата база регистрирани се над 550.000 пациенти, изведени се над 100.000 хируршки интервенции, реализирани се 700.000 прегледи.

Процентот на успех во лекувањето во „Аџибадем Систина“ се движи и до 99%. Тоа е резултат на максималната посветеност и грижа за нашите пациенти.

Технолошките можности на нашата болница овозможуваат прецизна дијагноза и третман на сите заболувања. Постојано сме фокусирана кон имплементирање на последните достигнувања во медицината.

Болничките соби се специјално дизајнирани, со што нудиме максимален комфор за време на лекувањето. Во пријатна атмосфера за пациентите и нивните потреби 24/7 се грижи тим од искусни и соодветно обучени медицински сестри кои се фокусирани на индивидуална нега на секој пациент. Интегрираната грижа од врвниот тим на специјалисти овозможува контрола на болката, за поголема удобност на пациентите во лекувањето.

Специјален тим секојдневно врши мониторинг на хигиената во болницата, преку микробиолошки тестови. Контролата на инфекција овозможува безбедно лекување и максимална заштита од интрахоспитални инфекции.

Со оглед на тоа дека „Аџибадем Систина“ има пациенти од целиот регион персоналот зборува и се разбира со пациентите на 4 јазици (македонски, албански, англиски и српски).

ПЗУ „Нефроплус“

Со цел подобрување на условите на центрите за дијализа во државата, во 2014 година е основана ПЗУ „Нефроплус“ која обезбедува здравствена грижа за повеќе од 630 пациенти, со повеќе од 83.000 дијализни третмани годишно. Преку своите дијализни центри, ПЗУ „Нефроплус“ е присутна во 10 градови, и тоа во Тетово, Гостивар, Дебар, Струга, Битола, Прилеп, Кавадарци и Велес, а за прв пат во Р Македонија инвестираше во отворање на уште два нови центри во Кичево и во Охрид.

ПЗУ „Нефроплус“ за првпат во Р Македонија го напушти методот на LOW-FLUX hemodijaliza и се имплементирани врвните најефикасни европски и светски модалитети на хемодијализа, како што се High Flux –хемодијализа и On Line-HDF (Хемодијафилтрација).

Во своите центри инвестираше во најсофистицирана опрема на глобално ниво за хемодијализа и тоа:

За третманот на пациентите за прв пат се користат биокомпатабилни дијализни мембрани со кардиопротективна заштита. Основни својства на овие филтри се: највисоко ниво на биокомпатабилност – Inline steam sterilization – што овозможува продукција на стерилни и pyrogenfree дијализери и обезбедува биокомпатабилност без хемиски резидуали; обезбедуваат максимална ретенција на ендотоксините – Helixone мембраната има висок на капацитет за супер ретенција на ендотоксини, со што се намалува ризикот за инфламација; висок перфоманс -High Flux дијализата има предности пред low-flux дијализата.

High-Flux дијализерите, исто така ги отстрануваат средните молекули како beta 2-microglobulin и воедно превенираат загуба на есенцијалните крвни компоненти како albumin. Пропустливоста на вода е многу повисока од Low-Flux дијализерите. Овие бенефити го намалуваат ризикот од CVD и помагаат да се подобрат long –term outcomes за нашите пациенти. High-Flux мембраните го подобруваат преживувањето кај пациентите на дијализа. Дијализа со High-flux мембраните ја подобруваат контролата на анемија кај пациентите на дијализа.

Од друга страна, бенефитите од дизајнот на FX classics мембраните се следните: ефикасно отстранување на мали и средни молекули, минимална загуба на есенцијалните крвни компоненти, оптимизирана хемодинамика и оптимизиран дијализат за повисоки вредности.

Хемодијализниот третман се работи исклучиво со ултра чиста вода.

ПЗУ „Нефроплус“ е најсофистицираниот центар за хемодијализа во земјата и регионот, кој применувајќи ги најсовремени стандарди и процедури кои се засновани на препораките на највисоките европски и светски водичи за добра клиничка пракса во хемодијализата (EBPG, K/DOQI, KDIGO), придонесува и се стреми кон развој и вложување во врвна здравствена услуга. Со помош на својот успешен модел на менаџмент, посветеност и стручност на специјализираниот тим професионалци, ПЗУ „Нефроплус“ на своите пациенти, покрај подобрување на здравствената состојба, им овозможува и продолжување и подобрување на квалитетот на животот.

Свесни за одговорноста кон пациентите, вработените и општеството, ПЗУ „Нефроплус“ за првпат во дијализата воспостави и имплементира политика на квалитет. За таа цел во сите свои центри за дијализа ги насочи сите свои напори кон здравјето и благосостојбата на пациентите. Со стекнување на сертификати за ISO 9001:2008, ISO 14001 и OHSAS 18001, ПЗУ „Нефроплус“ овозможи полесно вклопување кон дијализното работење во самата организација, со што се добива можност за ажурирање, примена и контрола кон правилно работење и максимална посветеност кон вработени за нивно континуирано усовршување.

Како резултат на зголемената ефикасност, правилно однесување кон заштита на вработениот и пациентот, како и воведување безбедна околина за работа во кои се вклучени и анализите за сите потенцијални ризици и навремена поддршка за нивно намалување, директно се зголемува општата продуктивност при работата, а со тоа и севкупниот квалитет на третманот.

„Аџибадем Систина Медикал Компани“

Компанијата нуди спектар на услуги кои имаат за цел да го зголемат задоволството на пациентите, да ја оптимизираат и да ја поддржи улогата на докторот и здравстениот систем во целост. Компанијата реализира увоз и дистрибуција на лекови, медицински потрошни материјали и реагенси, пред се за потребите на клиничката болница Аџибадем Систина, но и за останати здравствени институции и веледрогерии.

Компанијата овозможува и реализација на специфични крвни анализи и испитувања во соработка со Аџибадем Лабмед од Турција.

„Нефроплус Медикал“

Примарна деловна цел на друштвото за трговија и услуги за медицинска опрема „Нефроплус Медикал“ е увоз на лекови и медицински потрошни материјали, за потребите ПЗУ „Нефроплус“.

„Нефроплус Медикал“ остварува успешна директна соработка со светски афирмирани брендови во медицината со единствена цел подобрување на квалитетот на услугата која ја нуди на своите сестрински компании.

Стремежот и мотивот да се биде чекор пред другите ќе се реализира со нов, грандиозен проект. „Нефроплус Медикал“ е во подготовка на проектот за изградба на врвен и најсовремен универзитет, како и универзитетска болница во регионот. Здравствената и високообразовна институција, сместена на 80.000 квадратни метри, ќе биде изградена и ќе работи според престижниот универзитет на „Аџибадем“ во Турција

Студентите на универзитетот, кој ќе претендира да стане најголем регионален приватен универзитет, ќе бидат предводени од врвни професори од Р Македонија и странство, а наставната програма ќе се изведува на англиски јазик.

Единствен сигурен влог во иднината и успехот се знаењето, посветеноста и образованието. Водејќи се според ова мото, големата инвестиција во образовниот систем има цел да го издигне квалитетот на македонскиот образовен систем, а со тоа да овозможи создавање нов стручен кадар во земјата.