Градежното трговско друштво Бетон Штип АД Штип е акционерско друштво кое успешно егзистира веќе половина век. Бетон Штип дизајнира и изведува објекти од највисок квалитет во сите полиња во градежништвото.
Вработените во Бетон Штип имаат учествувано во изградбата на нашата држава, вклучувајќи индустриски, станбени објекти, училишта, болници, мостови, брани и многу други градби.
По растежот на домашниот пазар, Бетон Штип почна да ги презема дури и најсложените градежни работи во странство и тоа: Чешка, Словачка, Германија, Ирак, Либија, Бугарија, Летонија, Украина, Русија, Казахстан и Узбекистан.
Компанија која се фокусира на реализација на актуелни и идни градежни активности.