„Стопанска банка“ а.д. Битола е една од најстарите македонски банки која во 2018 година одбележа 70 години постоење. Со разновидни кредитни и депозитни производи, креирани согласно потребите и на најспецифичните групи на клиенти, банката ги опслужува своите клиенти преку 20 експозитури на територијата на целата држава, низ 11 градови.
Довербата која „Стопанска банка“ а.д. Битола ја ужива кај своите клиенти е само потврда повеќе за квалитетот на услугите и иновативноста на производите, кои корисниците лесно ги препознаа.
Врската која банката веќе 70 години ја гради со своите клиенти, особено е зацврстена откако „Стопанска банка“ а.д. Битола почна да се трансформира во современа и динамична банка, која вложува во квалитетот на производот, брзината на услугата и во развојот на вработените. Карактеристики кои ѝ овозможија да се докаже како една од најуспешните средни банки во Македонија, но и еден од најпосакуваните работодавачи во секторот.
Визијата на банката е секој граѓанин и компанија на едноставен начин да ужива во поволностите кое ги носи модерното банкарство. Атрактивните производи, особено за младите, финансиската поддршка за издржани и просперитетни бизнис-проекти и целокупната палета на производи што ги нуди се резултат на трудот што секој вработен го оставил зад себе.
Квалитетот на работењето на „Стопанска банка“ а.д. Битола низ годините го препознаваа и наградуваа бројни познати странски реномирани магазини. Овие значајни награди за работењето на банката, покрај тоа што претставуваа мотивација за уште поголеми остварувања и достигнувања претставуваа и потврда за стабилноста и професионалноста на банката и нејзината единствена посветеност кон остварување на потребите на своите клиенти.