59 лица сместени во Ibis Styles, Аџибадем Систина дава и медицинска поддршка

Вчера во доцните вечерни часови во хотелот „Ибис Стајл“ (поранешна Мала Богородица – Систина) се примени првите луѓе кои е потребно да се во изолација односно во карантин. Станува збор за приватен капацитет кој на располагање на државата го ставија „Орка холдинг“ и „Аџибадем Систина“. Од синоќа таму се сместени 59 лица кои во земјава влегле на Деве Баир и од Косово. Во хотелот се и 6 полицајци кои ја обезбедуваат локацијата и 16 вработени кои се менуваат на смени 24/7. Собите во хотелот се целосно опремени според барањата и потребите за згрижување граѓани кои треба да се во изолација.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ обезбедува и медицински персонал, поддршка и опрема. За лицата ќе биде обезбедена и храна. Освен редовна контрола на пациентите, за итни случаи докторите на „Аџибадем Систина“ ќе стојат целосно на располагање и ќе доаѓаат на повик. Лицата со симптоми на Ковид 19 ќе бидат пренесувани со асистенција на Министерството за здравство во Инфективната клиника. Согласно ова, 4 лица кои вчера вечерта имаа покачена темепература на проверката, веднаш беа испрати во Инфективната клиника.

“Орка холдинг“ и “Аџибадем Систина“ им се заблагодарува на вработените кои покажуваат висока морална свест, лојалност и солидарност, и несебично се вклучени сега кога најмногу е потребно. За нив е обезбедена заштитна опрема од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ Како што веќе известивме двата хотели Ибис Скопје – „Ибис Центар“ и „Ибис Стајл“ имаат капацитет од 214 кревети, од кои 51 во двокреветни соби, 101 во еднокреветна соба и 3 соби се за луѓе со посебни потреби.

Хотелите располагаат и со 6 фамилијарни соби. Овие капацитети беа ставени на располагање без претходни услови, но сепак се заблагодаруваме на соработката со владиниот кризен штаб и известуваме дека трите оброци за изолираните лица ги обезбедува државата во вредност од 600 денари по лице. Сите останати трошоци за сместување, вработени и медицинска поддршка ги покрива Орка холдинг“ и„ Аџибадем Систина“.

Комплетно опремени собите во Ибис хотелите да прифатат лица во изолација

Уште еднаш ја известуваме јавноста дека двата хотели Ибис Скопје – „Ибис Центар“ и „Ибис Стајл“, кои „Аџибадем Систина“ и „Орка холдинг“ ги ставија на располагање по потреба на државата и на Министерството за здравство се комплетно опремени и подготвени ВЕДНАШ да прифатат лица на кои им е определена изолација.

На располагање се ставаат вкупно 214 кревети, од кои 51 во двокреветни соби, 101 во еднокреветна соба и 3 соби за луѓе со посебни потреби. Хотелите располагаат и со 6 фамилијарни соби.

Сите соби се опремени соодветно на потребите и барањата за згрижување граѓани за кои е утврдено дека треба да се во изолација, од аспект на медицинска опрема и средства за дезинфекција. За лицата ќе биде обезбедена храна и стручен медицински персонал. Освен редовна контрола на пациентите, за итни случаи докторите на „Аџибадем Систина“ ќе стојат целосно на располагање и ќе доаѓаат на повик.

Доколку има лица кои ќе покажат симптоми на коронавирусот (Ковид-19), истите ќе се дислоцираат на посебен безбеден начин до локации кои Министерство за здравство ќе ги определи за третман на заболените.

Пет мобилни болници на Аџибадем Систина на располагање на граѓаните

Клиничката болница “Аџибадем Систина” покрај сите свои слободни капацитети и респираторни машини кои по потреба ги стави на располагање на граѓаните на Македонија, по претходен договор со Министерството за здравство, дополнително располага и со мобилни болници со кои ќе ги зајакне капацитетите за сместување на пациенти.

“Аџибадем Систина“ располага со 5 мобилни болници – шатори кои може да се транспортираат низ целата територија на земјата. Мобилните болници имаат сопствен приклучок на струја, а во истите по потреба ќе се инсталираат респираторни машини и сета друга неопходна медицинска поддршка за третман на пациентите. Овие 5 мобилни болници се опремени со кревети оддалечени на растојание од 2 метра и нивниот вкупен капацитет е 70 легла.

Овие мобилни болници доколку се јави потреба целосно ќе бидат на располагање на граѓаните на Македонија заедно со медицинскиот тим на “Аџибадем Систина“.

Наш приоритет е здравјето на сите граѓани и грижата за нив.

Орка Холдинг и Аџибадем Систина: над 150 соби од хотел Ибис ќе бидат за лица во изолација

„Аџибадем Систина“ и „Орка Холдинг“ соопштуваат дека од утре го ставаат на располагање на Министерството за здравство целосниот капацитет на Хотелот Ibis Styles (поранешната болница Мала Богородица – Систина).

Хотелот комплетно ќе биде пренаменет во Центар за изолација на сомнителни лица на вирусот Ковид-19 на кои им е определен 14 дневен изолационен период (карантин) од надлежните здравствени институции. Дополнително ќе биде обезбеден медицински тим од „Аџибадем Систина“ заедно со сета друга неопходна медицинска поддршка. Сите трошоци околу нивниот престој ќе бидат покриени од „Аџибадем Систина“ и „Орка Холдинг“.

Хотелот Ibis Styles има капацитет од 47 соби кои целосно ќе бидат пренаменети и опремени со потребните медицински материјали. Доколку се јави потреба од дополнителни капацитети, покрај овие 47 соби на хотелот Ibis Styles, „Аџибадем Систина“ и „Орка Холдинг“ се подготвени и целосно да ги отстапат капацитетите на Ibis Skopje City Center хотелот кој располага со 110 соби кои би биле целосно пренаменети и опремени со сета потребна медицинска опрема и материјали.

На сите нас останува да продолжиме да ги следиме препораките и насоките на Министерството за здравство, да веруваме во оние кои ја вложуваат сета своја професионалност со цел оваа ситуација да има најдобар можен исход, и заедно, со висока свест да придонесеме ова ситуација да биде побрзо надмината.

Капацитетите на Аџибадем Систина ставени на располагање на граѓаните

Во услови на алертна состојба со вирусот Ковид-19, Клиничката болница „Аџибадем Систина“, заедно со сите свои 1000 вработени лица, се става на располагање со сите свои слободни капацитети на граѓаните на Македонија, кои се засегнати од овој вирус, а по потреба и претходен договор со Министерството за здравство. На располагање се ставаат и сите слободни апарати за механичка вентилација односно респиратори. Во моментов нашата болница располага со 27 најсовремени респиратори и тоа педијатриски, адултни и транспортни.

Следете ги препораките за заштита и превенција од Ковид 19. Грижете се за своето и за здравјето на луѓето околу Вас. Нашата грижа за Вашето здравје продолжува.

Нов пешачки мост во Скопје – донација од Орка Холдинг

Со цел разубавување на кејот на реката Вардар, но внимавајќи и на функционалниот аспект и потребите на граѓаните, компанијата „Орка Холдинг АД Скопје“ одвои речиси еден милион евра за донација за градење на нов пешачки мост кој ги спојува левиот и десниот брег на реката Вардар во општината Карпош.Градот Скопје ја прифати донацијата и со тоа ја превзема обврската за одржување на мостот и негов упис во катастарот на недвижности.
Компанијата „Орка Холдинг АД Скопје“ ги одвои овие средства за градење на мостот „Илија Камчев“ по повод 30-годишнината од постоењето на Холдингот. Истиот веруваме дека претставува нов симбол кој ќе ја разубавува општината и истовремено ќе одговори на потребите на граѓаните на оваа општина, но и на граѓаните од целиот град со што ќе се подобри нивниот квалитет на живеење.

Пешачкиот мост е поставен на два бетонски столба и изработен од челична конструкција, а инфраструктурно ги поврзува двата брега на реката Вардар кај Клиничката Болница ,,Аџибадем Систина’’.
Оваа донација на компанијата „Орка Холдинг АД Скопје“ е потврда за нејзината посветеност кон континуирано докажување дека истата со активностите кои ги превзема во своето работење истовремено цели кон високо ниво на општествена одговорност и создавање на значајни вредности за иднината.

1 2