За најсовремениот имиџинг-дијагностички центар во регионот  зборуваат Јордан Камчев, претседател на одборот на директори на „Аџибадем Систина“ и Димитрис Капос, директор за имиџинг во Источна Европа „GE Healtcare“.

Брза и прецизна дијагноза на сите болести, снимки со висок квалитет и резолуција, минимална доза на зрачење, скратено време на снимање и комфор за пациентите, се главните предности на медицинската технологија со која располага дијагностичкиот имиџинг–центар на Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Со инвестиција од над 20 милиони евра од отворањето до денес, болницата го создаде најмодерниот имиџинг–центар во регионот, со најсовремена медицинска технологија, која се користи и во најреномираните болници во светот, како што се John Hopkins, CCS Paris, King’s College Hospital London. Центарот располага со 24 вида високософистицирани медицински апарати кои се клучни во дијагностиката и третманот, како и уште дополнителни 20 ултразвучни апарати за општа и специјалистичка примена во болничките амбуланти. Во центарот работи високопрофесионален тим радиолози и доктори од сите специјалности, како и техничари обучени да работат со медицинската апаратура, што е од особено значење за испорачување квалитетни снимки и нивна стручна анализа. Со последната инвестиција во медицинска технологија во вредност од 3 милиони евра, болницата уште еднаш докажа дека вложува во развојот на имиџинг-центарот и континуирано е во чекор со последните достигнувања во медицината. Целокупната опрема е набавена од најголемиот светски производител на медицинска опрема „GE Healthcare“, со кој болницата соработува веќе една деценија, а токму таа соработка значи дека се набавуваат најнапредни и најсовремени медицински апарати.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *