МЕДИА ПРИНТ МАКЕДОНИЈА (МПМ) на македонскиот медиумски пазар е присутна од 2004 година. Таа е основана по влезот на реномираната германска медиумска групација WAZ – Westdeutsche Allgemeine Zeitung. Во изминатата декада израсна во најголемата медиумска куќа во Македонија и една од најголемите на Балканот.
Според финансиските резултати така и според развојот на брендовите, компанијата покажува исклучителна стабилност и континуирано профитабилно работење, односно континуиран раст и развој.
МПМ воведе највисоки стандарди во однос на професионалната етика, редакциското работење, како и социјалните стандарди што се практикуваат на ниво на Европската Унија. Во тој контекст МПМ е потписник на Повелба за гарантирање на слободата на печатот, независноста на редакциите и почитување на етичките начела на ОБСЕ.
МЕДИА ПРИНТ МАКЕДОНИЈА на читателите на дневни весници им ги нуди содржините на најтиражните весници во Македонија – ДНЕВНИК, УТРИНСКИ ВЕСНИК, ВЕСТ и МАКЕДОНСКИ СПОРТ, магазинот ТЕА МОДЕРНА, ТЕА КИДС двонеделното специјализирано списание за автомобилизам ГТА како и специјализираното списание за спорт СПОРТБОКС. Дополнителни тематски содржини читателите може да најдат во прилозите 24 ЧАСА ЗДРАВЈЕ, ОГЛАСНИК 24, АНТЕНА+ и ТЕА КРСТОЗБОР, како и во многу други специјализирани прилози.

www.mpm.mk