ЗДРАВСТВО

ЗЕМЈОДЕЛСТВО СТОЧАРСТВО И ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ

БАНКАРСТВО

 

ЕНЕРГЕТИКА

ГРАДЕЖНИШТВО И НЕДВИЖНОСТИ

ПРОИЗВОДСТВО НА ТЕКСТИЛ

 

СПОРТСКА ОПРЕМА

ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО

УСЛУЖНИ ДЕЈНОСТИ


Здравство

 

 




Клиничката болница АЏИБАДЕМ СИСТИНА е првата приватна клиничка болница во Република Македонија која нуди висококвалитетни медицински услуги во согласност со светските стандарди и протоколи за здравствена заштита на пациентите. Како бренд во здравствениот сектор во Република Македонија, СИСТИНА е присутна од 2001 година, првенствено преку Специјалната болница за гинекологија и акушерство МАЛА БОГОРОДИЦА - СИСТИНА. Потребата од квалитетна здравствена заштита и во останатите сегменти на здравствениот систем, беше една од главните причини СИСТИНА да ги зголеми своите капацитети и во 2010 да прерасне во прва приватна клиничка болница во Република Македонија.
Клиничката болница АЏИБАДЕМ СИСТИНА е изградена според светски стандарди, располага со простор од 26.000 м2 и најсовремена медицинска опрема која досега не ја поседува ниту една друга приватна болница во Македонија и во регионот. Брои повеќе од 900 вработени, меѓу кои медицински тим од искусни професионалци, експерти во својата област. Персоналот го сочинуваат врвен тим од 137 реномирани доктори, од кои 15 се универзитетски професори.
Клиничката болница АЏИБАДЕМ СИСТИНА е прва болница во земјава и поширокиот регион која во 2016 година ја доби престижната акредитација JCI.
Во февруари 2017 година, Клиничката болница АЏИБАДЕМ СИСТИНА инвестираше во отворање на својата прва поликлиника. Во модерно уредениот простор и со внимателно одбран персонал, за жителите на Битола и околните градови сега е достапна врвна медицинска грижа. Поликлиниката, која се простира на површина од над 500 м2, е опремена со најсовремена технологија и овозможува медицински услуги од областа на гинекологија и акушерство, педијатрија, интерна медицина и кардиологија. Поликлиниката АЏИБАДЕМ СИСТИНА во Битола исто така располага со педијатриска дневна болница, како и дневна болница за возрасни.

Здравствената групација АЏИБАДЕМ заедно со својот партнер во Македонија АЏИБАДЕМ СИСТИНА, ја преземаа најголемата приватна здравствена установа во Р Бугарија - болницата ТОКУДА и нејзините подружници и истовремено се споија со вториот здравствен оператор, СИТИ КЛИНИК. Новата здравствена групација работи под името АЏИБАДЕМ СИТИ КЛИНИК.
Како дел од стратегијата за развој, планирани се нови инвестиции, како и изградба на нови објекти. Главниот фокус ќе биде ставен на онкологија, кардиоваскуларни болести, неврологија, гинекологија и акушерство и педијатрија.

Основана во 2014 година, како резултат на потребата за подобрување на условите во центрите за дијализа и дијализниот третман во Р Македонија, здравствената установа СИСТИНА НЕФРОПЛУС обезбедува здравствена грижа за повеќе од 480 пациенти во 10 центри, со повеќе од 70.000 дијализни третмани годишно. Најсофистицираниот центар за хемодијализа во земјата и регионот, применува најсовремени стандарди и процедури кои се засновани на препораките на највисоките европски и светски водичи за добра клиничка пракса во хемодијализата.
Преку своите дијализни центри, ПЗУ Систина Нефроплус е присутна во 10 градови, и тоа во Тетово, Гостивар, Дебар, Струга, Битола, Прилеп, Кавадарци и Велес, а за првпат во нашата држава инвестираше во отворање на уште два нови центри, во Кичево и во Охрид.

Примарна деловна цел на друштвото за трговија и услуги за медицинска опрема СИСТИНА ФАРМАЦИЈА е увоз на лекови и медицински потрошни материјали, за потребите на Клиничката болница АЏИБАДЕМ СИСТИНА и СИСТИНА НЕФРОПЛУС. СИСТИНА ФАРМАЦИЈА остварува успешна директна соработка со светски афирмирани брендови во медицината со единствена цел подобрување на квалитетот на услугата која ја нуди на своите сестрински компании. Воедно, се стреми кон проширување на своите ангажмани и давање услуга и на други медицински установи.

АЏИБАДЕМ СИСТИНА МЕДИКАЛ КОМПАНИ врши увоз на медицинска опрема, медицински потрошни материјали и лекови.
Друштво за трговија и услуги за медицинска опрема АЏИБАДЕМ СИСТИНА МЕДИКАЛ КОМПАНИ е компанија создадена за потребите на Клиничката болница АЏИБАДЕМ СИСТИНА, во улога на увозник на целокупната потребна медицинска опрема и фармацевтски производи за Болницата.
Стремежот и мотивот да се биде чекор пред другите ќе се оствари со нов, грандиозен проект. Кон крајот на 2017 година, компанијата ОРКА ХОЛДИНГ ќе започне со изградба на врвен и најсовремен универзитет, како и универзитетска болница во регионот.
Здравствената и високообразовна институција, сместена на 80.000 квадратни метри, ќе биде изградена и ќе работи според престижниот универзитет на АЏИБАДЕМ во Турција.
Студентите на Универзитетот, кој ќе претендира да стане најголем регионален приватен универзитет, ќе бидат предводени од врвни професори од Р Македонија и странство, а наставната програма ќе се изведува на англиски јазик.
Единствен сигурен влог во иднината и успехот се знаењето, посветеноста и образованието. Водејќи се според ова мото, големата инвестиција во образовниот систем има цел да го издигне квалитетот на македонскиот образовен систем, а со тоа да овозможи создавање нов стручен кадар во земјата.
Сместен на падините на Водно, во непосредна близина на Клиничкиот Центар во Скопје, СИСТИНА ЛАЈФ КЕАР ЦЕНТАР инвестира во проект за изградба на пензионерски дом.
Новиот старски дом на Водно ќе биде изграден по најмодерни европски стандарди, каде ќе биде овозможен квалитетен живот во модерни услови со високо квалитетни услуги за сместување стари лица. Изградбата на оваа современа установа ќе почне кон крајот на 2017 година.

 

 


Земјоделство сточарство и прехрамбени производи

 

 




СКОПСКО ПОЛЕ во моментов е еден од најголемите земјоделски комбинати во ореолот на град Скопје кој е од витална важност за градот и тој претставува еден вид симбол и бренд на Општина Петровец, а со тоа и на градот Скопје. Распространет е близу течението на реката Вардар па сè до текот на реката Пчиња. Има извонредна географска одредница и на еден начин претставува т.н. алка на поврзување пазар, производство и развој на земјоделскосточарска дејност.
СКОПСКО ПОЛЕ располага со 1.384 хектари обработливо земјоделско земјиште, две фарми со вкупен шталски капацитет за 7.000 овци, 12 штали, молзилиште, сопствен млин за сточна храна, магацински простор, машинска зграда, три силоси и други помошни простории.
СКОПСКО ПОЛЕ ги прати светските трендови во земјоделието и сточарството, постојано инвестира во зголемување на обработливите површини, сточниот фонд, механизација и стручниот кадар.
ЗК ПЕЛАГОНИЈА АД БИТОЛА е компанија чија основна дејност е земјоделското производство, овоштарство и сточарството. Главното седиште на компанијата е во Битола. Компанијата се занимава со производство на житни култури, одгледување на ситен и крупен добиток, сточарско производство, рибарство, овоштарство, како и транспорт и дистрибуција на производите.
ЗК ПЕЛАГОНИЈА има повеќе од 750 вработени, 18 илјади хектари земјоделско земјиште, како и една од најголемите сточарски фарми на Балканот. Комбинатот е најголем производител на пченица, јачмен, сончоглед, луцерка и маслодајна репка во земјава.
Континуираното подобрување на квалитетот на производите и проширувањето на асортиманот допринесува за одржување и зајакнување на својата пазарна позиција на домашниот пазар и пробивање на пазарите во регионот. Постоечките сточарски капацитети се современи и модернизирани во склад со најновите достигања од оваа област.
Комбинатот се заложува за доследно следење на светските трендови во земјоделието, постојано инвестира во зголемување на обработливите површини и сточниот фонд, со што го овозможува приматот на најголем производител на храна во Република Македонија.

Компанијата ПЕЛАГОНИЈА ВЕТ e ветеринарен центар кој работи за целите на Земјоделскиот Комбинат ПЕЛАГОНИЈА. Компанијата дава гаранција и прави перманентна контрола на здравствената состојба на стадата, како битен фактор на сточарското производство.
Почетоците на денешната компанија ЖИТО ПОЛОГ АД ТЕТОВО датираат од 1903 година. Со текот на времето компанијата се развива и проширува така што денес преставува една заокружена техничко технолошка целина.
Производството на брашно, како основна дејност на компанијата, налага поседување мелница со висока технологија и капацитет за мелење 50.000 тони годишно. Од некогашниот погон за производство на леб, денес ЖИТО ПОЛОГ располага со силоси за сместување на пченица, млин со најсовремена технологија за производство на брашно, фабрика за сточна храна, живинарска фарма за производство на конзумни јајца и индустриска пекара.
Брендот ЖИТО ПОЛОГ е познат по врвниот квалитет, конкурентските цени и богатиот асортиман. Лидерската позиција на пазарот е создадена преку високиот и константен квалитет на производите, кој се одржува во континуитет.

МЛЕКАРА ЗДРАВЈЕ РАДОВО започна со работа во почетокот на 2002 година, во еколошки чиста средина која го опфаќа пределот помеѓу планините Огражден и Беласица, на 10 км оддалеченост од Струмица.
Од почетокот до денес, забележлив е континуиран развој во производствената програма, раст на бројот на производи, капацитети и вработени. Денес, компанијата број три производствени капацитети во кои работат 250 луѓе, се обработуваат 110.000 литри млеко дневно и се произведуваат над 50 различни производи.
Квалитетот на производите и континуираните вложувања во нови технологии, доведоа МЛЕКАРА ЗДРАВЈЕ РАДОВО да стане лидер во продажбата на тврда млечна програма – сирење и кашкавал. Потврда за растот и развојот на МЛЕКАРА ЗДРАВЈЕ РАДОВО е проширувањето на пласманот на производи на териториите надвор од Македонија, со што го овозможи приматот за најголем извозник на млечни производи од Македонија. Производите на МЛЕКАРА ЗДРАВЈЕ РАДОВО може да се најдат на пазарите во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија.

Една од најголемите современи мелници во Р Македонија, ЖИТО БИТОЛА, е основана во 2013 година од земјоделскиот комбинат ПЕЛАГОНИЈА, со основна дејност производство и продажба на мелнички производи.
Компанијата Жито Битола располага со 35 комори со капацитет за сместување на 16.000.000 кг пченица. Нејзиното производство се одвива преку една производна единица - мелница, чиј максимален капацитет на дневно ниво изнесува 105.000 кг сомелена пченица.

Компанијата ПЕЛАГОНИЈА РАЗВОЈ извршува стручна контрола и испитување на семенскиот материјал за потребите на земјоделскиот комбинат ПЕЛАГОНИЈА. Компанијата располага со лабораторија за контрола на квалитетот на семето од земјоделските растенија.

 

 


Банкарство

 

 




СТОПАНСКА БАНКА АД БИТОЛА е една од најстарите банки во Р Македонија. Основана е во 1948 година во Битола како КОМУНАЛНА БАНКА – БИТОЛА. Банката го започнува својот раст и развој во дејноста на прибирање слободни парични средства од локалното стопанство и население. Континуираното вложување, согласно глобалните трендови, корпоративните вредности, традицијата и довербата во банката, го одржува нејзиното работење во изминатите седум децении.
Како дел од деловната стратегија, а во насока на зајакнување на сопствените позиции на пазарот, СТОПАНСКА БАНКА АД БИТОЛА продолжува со ширењето на деловната мрежа низ Р Македонија. Банката е со седиште во Битола, а располага со 20 експозитури во 11 градови низ Републиката.

 

 


Енергетика

 

 



Следејќи ги трендовите за употреба на обновлива и чиста енергија, за целите на земјоделскиот комбинат ПЕЛАГОНИЈА компанијата ПЕЛАГОНИЈА ЕНЕРЏИ, ја пушти во употреба првата од двете биогасни централи, со капацитет од 3 MW/h од вкупно планираните 6 MW/h за двете централи.
Инвестицијата вредна 20 милиони евра е наменета за производство на електрична енергија преку искористување на биогас, односно користење на органските отпадоци од краварската фарма на земјоделскиот комбинат ПЕЛАГОНИЈА.

 

 


Градежништво и недвижности

 

 




Градежното трговско друштво БЕТОН - ШТИП АД Штип е акционерско друштво кое успешно егзистира веќе половина век. БЕТОН-ШТИП дизајнира и изведува објекти од највисок квалитет во сите полиња во градежништвото.
Вработените во БЕТОН-ШТИП имаат земено дел во изградбата на нашата држава – Република Македонија, вклучувајќи индустриски, станбени објекти, училишта, болници, мостови, брани и многу други градби. По растежот на домашниот пазар, БЕТОН - ШТИП почна да ги превзема дури и најкомплицираните градежни работи во странство, и тоа: Чешка, Словачка, Германија, Ирак, Либија, Бугарија, Латвија, Украина, Русија, Казахстан и Узбекистан.

Друштво за производство, трговија и услуги Кара АД Скопје се занимава со изградба и откуп на деловни и резиденцијални објекти, издавање и управување со сопствен недвижен имот и недвижен имот земен под закуп.

 

 


Производство на текстил

 

 




Компанијата МОНТ успешно работи во областа на текстилната индустрија изминатите 25 години. Денес, МОНТ брои 500 вработени - квалификувани и компетентни за извршување на најсложените операции во текстилното конфекционирање, обезбедувајќи производи со врвен квалитет. Годишниот капацитет на производство е ~450.000 конфекциски единици, во најголем број капути, сакоа, панталони, здолништа, спортска облека, кошули и трикотажа.
Инфраструктурата на МОНТ игра важна улога во исполнување на барањата и стандардите на оваа индустрија. Компанијата одржува строги стандарди и континуирано вложува напори во зголемување на продуктивноста преку воведување на најсовремени машини, модерни производствени методи и техники.
Модната конфекција МОНТ е присутна на пазарите во поранешните југословенски републики и други европски држави со производи преку доработка и со други облици на конфекционирање на текстилни ткаенини од волна, памук, синтетика и нивни мешавини.
Компанијата МОНТ е добитник на повеќе меѓународни и домашни награди и признанија за успешно и долгогодишно работење во својата област.

Компанијата М ПЛУС за перење и пеглање облека е една од најголемите еколошки пералници во Р. Македонија.
Пералницата нуди персонализирани и квалитетни услуги дизајнирани потребите на клиентите. М ПЛУС работи на површина од 443м², со месечен капацитет од 45 тони и овозможува највисоко-квалитетен сервис за перење во Р. Македонија.

 

 


Спортска опрема

 

 




Првата приватна продавница за спортска опрема ОРКА СПОРТ е отворена во 1990 во Скопје. ОРКА СПОРТ тргна во поход да стане водечка спортска компанија во Македонија, која набргу по основањето станува синоним за спорт и авангарда на спортската култура.
Преку грижата за потрошувачите, пратењето на светски трендови и нивно воведување во сите сегменти од работењето на компанијата, ОРКА СПОРТ ја гради својата империја и цврсто се позиционира на домашниот пазар како број 1 спортска мулти-бренд компанија.
Се со цел да одговори на предизвиците на денешницата и да го задржи својот примат, во 2014 г. ОРКА СПОРТ во Македонија го донесе најголемиот светскиот бренд за спортска опрема ИНТЕРСПОРТ. Овој бренд кој е присутен во 42 земји со повеќе од 5.400 продавници нуди уникатен избор и најнови иновации на светските лидери за спортска опрема, производи и брендови. Компанијата е лидер во стручноста, покривајќи разни спортски дисциплини, нудејќи спортска автентичност и најдобра цена за квалитет.

За да се создаде, издигне и одржи една компанија, потребна е јасна визија на менаџерскиот тим. Благодарение на визионерскиот дух на нејзиниот основач, Илија Камчев, компанијата денес претставува високо реномирана компанија која успеа да создаде бренд во повеќе општествени сегменти. Визијата на компанијата е создавање на деловна клима во која персоналот постојано ќе се надградува, а релациите со бизнис партнерите и клиентите се почитуваат и негуваат.

 

 


Туризам и угостителство

 

 




Хотелот IBIS Skopje City Center има единствена локација во срцето на Скопје. Идеален за бизнис или релаксација, хотелот нуди 110 климатизирани соби.
Овој светски бренд е дел од синџирот хотели на групацијата АКОР и е присутен во 48 земји со повеќе од 1800 хотели. Од отворањето на првиот хотел, IBIS има стекнато светска репутација за одлични услуги по многу конкурентни цени. Благодарение на успехот на овој концепт, хотелите IBIS се докажани како Европски лидер на економскиот пазар.

Туристичката агенција ОК ТРАВЕЛ е формирана во 2013, со единствена цел да го обедини најдобриот know-how, експертиза и искуство во областа на туризмот. Со ребрендирањето на ОРКА ТРАВЕЛ, новиот почеток е се само продолжување на една успешна приказна што е градена со години.
Стремејќи се да го понуди најдоброто, ОК ТРАВЕЛ го обедини најдобриот тим со долгогодишно искуство во насока на овозможување на врвна услуга. Во рамките на работењето, ОК ТРАВЕЛ нуди широк спектар на услуги и аранжмани, егзотични дестинации и понуди за сите љубители на патувањата, од летни до зимски авантури, тури, откривања на нови досега недопрени области.

Водени од идејата да се создаде ново место во градот, карактеристично по својот единствен и префинет стил, во 2013 г. создаден е OK ХОТЕЛ, Скопје.
Уникатно опремениот ОК ХОТЕЛ со капацитет од 50 соби е лоциран во мирен дел на градот, на 2.8 километри од центарот на Скопје. Хотелот во кој сите соби имаат модерен и елегантен дизајн, обезбедува атмосфера и услови за пријатен престој и сместување.

ОК брендот ја продолжува својата приказна преку создавање на уникатните ОК АПАРТМЕНТС во Охрид. На само 20м од плажата на Охридското Езеро, 14-те ОК апартмани се сместени на тивка локација, во зелена природа. Секој од нив располага со простор за дневен престој и комплетно опремена кујна, 2 спални соби и уредено дворно место.
Секој од апартманите со својот дизајн и ентериер ја доловува сликата на подводно царство со широк спектар на бои и форми.

Сместен во националниот парк Маврово, на планината Бистра, во почетна фаза на реконструкција е објектот на ХОТЕЛ МАВРОВО, со цел значително подобрување на условите за престој и задоволување на високите стандарди во хотелиерство.
СУШИКО е синџир на ресторани за јапонска, тајландска и кинеска храна со префинет ентериер и пријатна атмосфера. Со отворањето на ресторанот во Скопје, брендот СУШИКО го најави своето присуство и на Балканот. Лоциран во срцето на градот, во Дебар маало, Скопскиот ресторан е единствениот суши ресторан од ваков тип во земјава кој нуди специјалитети од модерните кујни на Јапонија, Тајланд и Кина како и високо професионални угостителски услуги и квалитет.
Квалитетната услуга и вкусното мени се главната причина СУШИКО рестораните да бидат првиот избор на вистинските љубители на различните вкусови на Далечниот Исток. Со цел да се постигне оригиналниот изглед на азиските ресторани, целокупниот ентериер е изработен во препознатливите белези на источната традиција со современа интерпретација, а во кујната на СУШИКО работат професионални готвачи од Јапонија, Кина и Тајланд.

На последниот кат на Клиничката болница АЏИБАДЕМ СИСТИНА се наоѓа стилски и модерен ресторан кој нуди неверојатна панорамска глетка на градот и разновидно и здраво мени. Ресторанот е наменет за вработените на болницата и нејзините пациенти.

 

 


Услужни дејности

 

 




Како резултат на потребата од агенција која знае да ги предвиди потребите на нашите компании, членки во Холдингот и да им понуди најсовремени решенија преку интеграција на различни маркетинг услуги, во 2013 година ја основавме мулти – дисциплинарната агенција ОК ИДЕА.
Преку интеграција на широк спектар на маркетинг решенија, мисија на агенцијата е да понуди ефективни решенија за предизвиците со кои се соочуваат компаниите, во постојаното менување на состојбите на пазарот.

Компанијата ОК ТРАНСПОРТ нуди транспортни услуги за потребите на компаниите членки на ОРКА ХОЛДИНГ. Компанијата располага со значителен парк од сопствени возила за превоз на патници, стока и услуги.