ОРКА аграр

Жито полог

Компанијата „Жито полог“ АД Тетово е еден од водечките индустриски капацитети во областа на мелничко-пекарската дејност во Р Македонија. Почетоците на компанијата датираат од далечната 1903 година, како прва мелница во Полошкиот Регион. Со повеќе од 110 години традиција во преработка на пченица и производство на мелнички производи, 50 години пекарска традиција и над 30 години традиција во изработка на домашни тестенини, „Жито полог“ успешно се соочува со предизвиците кои со себе ги носи современото деловно работење.

Благодарение на високата техничко-технолошка опременост на производните капацитети, перманентно унапредување на знаењето и вештините на вработените и негување на професионални односи со добавувачите, компанијата се движи во чекор со пазарните трендови, секојдневно зголемувајќи го задоволството и вкусот на потрошувачите. Производството и дистрибуцијата се одвиваат при имплементиран НАССР систем, кој гарантира безбедност на производите по здравјето на потрошувачите. Потврда за квалитетот во работењето се ISO 22000 и ISO 14001 сертифицираните стандарди.