Во 2011 година, компанијата Орка Холдинг го објави почетокот на работа на Фондацијата Илија Камчев, која го носи името на основачот на оваа високо реномирана компанија.
Хуманизмот, визијата и одговорноста на основачот на компанијата, остануваат непресушна инспирација за сите нас, продолжувачите на неговата филантропија.

Примарната цел на Фондацијата е, по пат на стипендирање, да помогне во создавањето нови тимови специјалисти во медицината од областите кои се дефицитарни во Македонија. Секоја година, Фондацијата издвојува средства наменети за стипендирање на специјалисти, кои ќе имаат привилегија специјализацијата да ја реализираат во Република Македонија, како и во светски реномирани медицински центри.
Долгорочно гледано, воведувањето на оваа стипендија претставува сериозна инвестиција во здравствениот систем на Република Македонија, врз основа на светските стандарди и протоколи за лекување на пациенти.

Покрај образованието, Фондацијата Илија Камчев поддржува активности кон други сегменти во општеството кои се од интерес за пошироката јавност. Фондацијата поддржува и активно е вклучена во реализацијата на проекти и иницијативи кои придонесуваат кон развојот на уметноста и културата, хуманитарната дејност, спортот, издаваштвото, зачувувањето на животната средина.

www.ilijakamchev.org